Ниво II – Интензивирана поддршка – се обезбедува на ученици во случај кога општата поддршка не ги дава очекуваните резултати. Препорака за давање интензивирана поддршка се носи по направена проценка од страна на училишниот инклузивен тим и Стручните тела за функционална проценка (МКФ). Интензивираната поддршка е со повеќекратни и/или истовремени интервенции и се обезбедува за ученикот врз основа на индивидуален образовен план. Тој опфаќа интервенции во кои сите активности ќе бидат добро осмислени, ќе течат координирано и во функција на подобрување на состојбите, а со цел ученикот да се подготви за учење и подобро функционирање во животот, при што од особена важност е раната интервенција.



