Ниво III – Посебна поддршка се обезбедува кога интензивираната поддршка не ги задоволува потребите на ученикот и/или откако е донесена препорака за давање посебна поддршка по направена проценка од страна на Стручните тела за функционална проценка (МКФ). Посебната поддршка е слична како и интензивираната поддршка, но е со уште поголем интензитет и повеќекратни и/или истовремени интервенции и се обезбедува врз основа на модифицирана наставна програма.
Сите три нивоа на поддршка се обезбедуваат во редовните училишта, во соработка со родителите/старателите, а во најдобар интерес на ученикот. Доколку посебната поддршка која се дава во училиштата не ги задоволува потребите на ученикот, постои можност поддршката да се обезбедува и во Основните училишта со ресурсен центар или Центрите за поддршка на учењето. Формите на поддршка се дефинирани во модифицирана наставна програма.