Е-платформа eduink.mk е креирана како продукт на проектот „Е-платформа за далечинска поддршка на деца со попреченост и нивните семејства за време на пандемија од Ковид-19“, во имплементација на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија, во соработка со Македонското Монтесори Здружение, а со финансиска поддршка на OБСЕ Мисијата во Скопје, како дел од Вонредниот повик за предлози: Фонд за одговор на Ковид-19.
Целта на проектот е надградување на капацитетите на организациите кои се партнери во имплементација на проектот преку развој на Е-платформа која ќе овозможи континуирана поддршка на децата со попреченост и нивните семејства.
Е-платформата овозможува континуирана поддршка на децата со попреченост и нивните семејства, како и професионлаците кои работат со нив.
Содржините на платформата се креирани од страна на стручни лица, искусни професионалци во областа на образованието на ученици со попреченост. Застапени се содржини кои овозможуваат образовна поддршка на ученици со попреченост од одделенска настава, а кои се вклучени во редовните основни училишта и кои настава следат согласно Индивидуален образовен план. Исто така, на платформата има и содржини кои нудат психо-социјална и советодавна поддршка на семејствата на деца со попреченост, како и содржини кои се од полза на наставниот кадар од училиштата, како и специјалните едукатори и рехабилитатори и образовните асистенти кои обезбедуваат поддршка во учењето на вклучените ученици со попреченост.