Индивидуалниот образовен план се изработува за ученици кои и покрај користењето на различни стратегии за диференцијација на наставата не успеваат да ја следат наставната програма и потребни се поинтензивни интервенции.
Кога зборуваме за стратегии во диференцијацијата се мисли на :
- Секој ученик да работи на своја задача со свое темпо;
- Наставниот материјал се предава на средно ниво (исти материјали, прашања, упатства) за сите ученици, но дел од класот добиваат посложена задача, а тие што имаат потешкотии добиваат дополнителна помош;
- Поделба на паралелката во групи според функционални способности (секоја група добива различна по сложеност задача, но целите на учење се исти);
- Задачите се подредени по сложеност, така што најсложените задачи успеваат да ги решат само оние ученици кои се истакнуваат со повисоко ниво на знаења и стекнати вештини;
- Се дава иста отворена задача и секој работи со максималниот квалитет што може да го постигне;
- Учениците сами избираат задачи што ќе ги решаваат;
- Сите имаат исти задачи, но во групата учениците си помагаат едни на други;
- Сите добиваат исти работни листови и ги решаваат со сопствено темпо;
Сите ученици обработуваат одделен аспект на темата, но секој на свој начин