Која е разликата помеѓу напад на бес (tantrum) и криза (meltdown)?
БЕС:
-
- Вниманието е насочено кон одредена цел (лицето чувствува глад, можеби жед, чувствува одредена болка…);
- Потребна е публика (доколку нема публика, не е посветено доволно внимание на однесувањето, бесот се намалува);
- Бесот е израз на некаква лутина.
Тантруми – како да постапуваме?
Многу често можеме да сретнеме совети за тоа како да спречиме појава на татнтруми, или 5 начини за престанок на тантруми, како најбрзо да исчезнат тантрумите и сл…
Меѓутоа, нашата цел не треба да биде да ја спречиме појавата на тантруми. Изливите на бес се едена од начините на комуникација кај лицата со попреченост, кој мора да го прифатиме како таков.
Наместо да бараме начини за да ги прекинеме или запреме тантрумите, потребно е да го научиме детето да изнајде подобар начин со помош на кој ќе може да ги изрази сопствените желби и потреби. Потребно е однесувањето какво што е „трескање од земја„, врискање, удирање…да го замениме со некој друг облик на однесување, кое нема да биде тешко и исцрпувачко за детето со попреченост, но и за родителите и сите оние кои имаат активно учество во неговиот живот.
Да се обидеме да го научиме детето на показен гест, да го побара она што го посакува, да користи алтернативна комуникација, знаци, PECS картички, односно други форми на комуникација и на тој начин да совладаат нов начин да ги искажат сопствените потреби.
Она што е важно да се знае е дека акцент треба да се стави на совладување на нови вештини, наместо спречување и стопирање на веќе настанатиот тантрум.
КРИЗА:
-
- Вознемиреност (пренадразнетост или непредвидливост);
- Се појавува независно од тоа дали има или нема публика (лицето може да биде само и да пројави криза);
- Кризата е резултат на презаситеност од некоја дразба.
Како изгледа кризата?
-
- Внатрешен дистрес (повлекување): детето се „исклучува„ од средината, „гледа во празно„, покажува / изведува повторувачки движења со одредени делови од телото;
- Надворешен дистрес: неконтролирано плачење, врескање, скокање, испуштање на „неартикулисани„ звуци / крици, фрлање предмети, самоповредување и др.
Агресија и предизвикувачко однесување
Децата / тинејџерите кои постојано покажуваат агресивно однесување, честопати им предизвикуваат многу непријатност на возрасните, а особено на своите родители, бидејќи токму тие, возрасните, сметаат дека не можат да доминираат над самото детето и да го контролираат неговото однесување.
Малку по малку, овие деца / тинејџери ја преземаат контролата над луѓето околу нив, прават што сакаат и се со уверување дека возрасните и родителите нема да ги вознемират. Ова е проблем кој се влошува со текот на времето, па затоа треба да се третира соодветно што е можно побрзо.
Како да избегнете предизвикувачко однесување?
Колку е помладо детето, толку би било полесно да се стави крај на овој проблем. Затоа, ако во Вашето опкружување има дете или тинејџер со „несоодветно„ однесување или со агресивен став, каков што е оној што го опишаваме, можеби треба да се обидете да ги спроведете следниве методи, односно планови за интервенција:
-
- Научете да кажувате не. Дури и ако ви се заканува, навредува или напаѓа, треба да го задржите држењето на телото и да го натерате да види дека нема да попуштите ако тој се однесува така. Бидете цврсти и не дозволувајте да ве порази со ова однесување;
- Никогаш не користете физичко казнување! Овој вид казна обично не функционира и единственото нешто што предизвикува е да се фрустрираат и да употребат насилство врз други луѓе или предмети;
- Барајте насилни фигури околу вас: Децата, особено тинејџерите се многу ранливи на контекстот во кој се наоѓаат. Честопати, оние кои покажуваат агресивно однесување имаат пријатели кои се однесуваат на ист начин. Препорачливо е да имате контрола над децата со кои е во врска вашето дете и да го натерате да поминува помалку време со нив доколку е потребно. Тука треба да ги потенцирате и сериите, филмовите или видео игрите за кои вашето дете покажува интерес. Медиумите можат да промовираат насилно однесување;
- Спречете го однесувањето, секогаш кога за тоа ќе постои соодветна можност;
- Научете нови однесувања, кои ќе го заменат местото на предизвикувачкото однесување (броиме до 10, се опуштаме со длабоко вдишување и издишување, слушаме музика за релаксирање, омилена активност…);
- Променете ги одговорите на возрасните / врсниците кон однесувањето, така што однесувањето повеќе нема да биде во центарот на вниманието. Со текот на времето ќе се намали и интензитетот.