ПОДДРШКА ОД ВРСНИЦИ (PEER SUPPORT)
Поддршка од врсници е пристап преку кој се овозможува споделување знаења и искуства помеѓу лица на иста возраст. Споделувањето на знаењата и искуствата може да бидат поврзани со различни сегменти од животот (професионални, здравствени, социјални)
Поддршката од врсници има четири основни функции:
-
- Помош во секојдневието
- Пример … Б.Б е ученик со потешкотии во учењето и има проблем со моториката. Ј.С е ученичка во исто одделение. Таа му помага на Б.Б за време на одморите да излегува од просторијата. Таа ги користи сопствените искуства со цел да му покаже на кој начин би можел да се заштити од другите ученици додека оди во просторот.
- Социјална и емоционална поддршка
- Пример… К.П преку емпатично слушање и охрабрување, го мотивира И.С да пробува да ги извршува вежбите на часот во физичко како останатите ученици кои служат како модел.
- Врски со ресурсите во заедницата
- Пример … родителите на учениците врсници ги поддршуваат родителите на учениците со потешкотии во учењето да бараат ресурси за поддршка во градинките
- Тековна поддршка
- Пример …учениците од деветто одделение од едно училиште ги држат активни учениците со потешкотии за време на воннастани активности обезбедувајќи проактивно, флексибилно и континуирано долгорочно следење
- Помош во секојдневието
Поддршката од врсници е интензивна, континуирана и флексибилна и се организира во повеќе форми
-
- Поддршка од врсници во училиштата
- Ментор/врсник
- Тутор/врсник
- Активни соговорници
- Медијатор/врсник
- Врсник за поддршка во спортски активности
- Поддршка од врсници од областа на здравствена заштита
- Чување на ментално здравје (депресија, траума)
- Зависности
- Хронични заболувања
- За лица со попреченост
- Ветерани и нивните семејства
- На работно место
- Поддршка од врсници од областа на социјализација
- Комуникација
- Чувство на припадност во заедница
- Поддршка од врсници во училиштата
Поддршката се реализира преку средби со физичко присуство, телефонски разговори, групи за поддршка, индивидуални состаноци и слично.
Голем е бројот на земји во светот во кои постои и работна позиција специјалист за врсничка поддршка. Овие професионалци се задолжени да поминат обука за некоја од програмите сертифицирани од страна на INAPS (International Association of Peer Supporters).