Индивидуален образовен план (ИОП) е посебен документ со кој се планира дoполнителна подршка во воспитно-образовниот процес на ученици, кои и покрај диференцијацијата на наставата не можат да се вклучат и да напредуваат во учењето. На овие ученици им се потребни поинтензивни интервенции односно изработка на посебен инструмент – индивидуален образовен план (ИОП) кој е во согласност со функционалните способности на ученикот. Целта на примената на индивидуалниот образовен план е постигнување оптимална вклученост на детето/ученикот во редовните активности во наставата, како и негова прифатеност и независност во групата врсници
Што содржи индивидуалниот образовен план?
ИОП е документ кој содржи повеќе делови.