Почитувани,
На нашата платформа има страна за Често Поставувани Прашања (ЧПП), таму може да најдете одговори на некои ваши прашања како:
Дали родителот учествува во изработка на ИОП?
- ДА! Родителот е рамноправен член во инклузивниот тим за ученик и учествува во изработката на Индивидуалниот Образовен План. Освен во изработката односно програмирање на целите, родителот учествува и во процесот на имплментација, следење и евалуација на активностите од училишниот документ. Родителот, како и останатите членови на тимот имаат право да располагаат со копија од ИОП-от.
Посетете ја нашата страна со ЧПП од главното мени или на следниот ЛИНК
Ваш Eduink.mk