ИОП за ученици неможе да се изработи изолирано од само еден наставник, само стручен соработник или родител. Овој документ се изработува тимски, При изработката, инклузивниот тим следи чекори за изработка на овој инструмент:
- Анализа на ситуацијата и собирање податоци и информации за детето
- Изработка на педагошки профил за детето
- Определување на приоритети за нудење на поддршка
- Определување на крајните цели, детален план на активностите и развивање на стратегии за поддршка.
- Мониторинг и евалуација на постигнувањата
-
- Одделенскиот раководител со УИТ ги прибира потребните податоци и информации, ја анализира ситуацијата и изработува педагошки профил на ученикот/ученичката.
- Се проценуваат потребите за поддршка и приоритетните подрачја за кои е потребно да се изработи ИОП. Се работи тимски, на работна средба на членовите на УИТ.
- УИТ донесува одлука за изработка на ИОП и формира тим за дополнителна поддршка, кој изработува ИОП за ученикот.
- УИТ по донесената одлука за прифаќање на предлогот на директорот на училиштето, предлага членови на тимот за давање помош и дополнителна поддршка на ученикот
- Директорот на училиштето, по добиената писмена согласност на родителот, односно старателот, формира тим за дополнителна поддршка на ученикот.
- Членовите на тимот за дополнителна поддршка и родителот разработуваат стратегии за поддршка и детален план на активности за одделни наставни предмети/подрачја.
- Тимот за давање дополнителна поддршка на ученикот изработува ИОП.
- Родителот, односно старателот, дава согласност за спроведување на ИОП.
- Стручниот тим за инклузивно образование на училиштето го доставува изработениот ИОП до наставничкиот совет на усвојување
- Оценувањето се врши според поставените цели и очекуваните исходи од ИОП.
- Во процесот на проверување и оценување потребно е да се прилагодат барањата/ задачите/прашањата за ученикот со ПОП.
- Членови на ИТУ заеднички проценуваат колку ученикот/ученичката ги усвоил/а очекуваните исходи, степенот на делотворност на одделните видови прилагодувања предвидени со ИОП и применувани во текот на наставата.
- Членови на ИТУ заеднички го проценуваат степенот на делотворност на одделните применувани стратегии. Се проценува успешноста во: прилагодување на содржините, методите, формите и нагледните средства и оценување; прилагодување на просторот/условите во кои се одвива учењето (отстранување на физички бариери, специфична организација и распоред на активностите); прилагодување на содржините на учење и на стандардите на постигање.
- Евалуација на ИОП-от или модифицираната програма се врши најмалку два пати во текот на една учебна година, а во зависност од потребите и почесто, од страна на инклузивниот тим за ученик при што е неопходно да се направи анализа на знаењата, вештините, очекувани резултати кои ги усвоил ученикот според планираното со ИОП или модифицирана програма како и ефективноста на наставните стратегии кои се предвидени со ИОП-от.
- Доколку, поголемиот број планирани резултати се постигнати, треба да се изготви нов ИОП Ако поголемиот број на планирани резултати од учењето не се постигнати, ИОП-от треба да се ревидира при што за истите резултати треба да се предвиди подолг временски период и да се применат нови наставни стратегии. Доколку ученикот не е во можност да ги постигне поголемиот број на планираните/очекувани резултати од учењето и од ревидираниот ИОП, повторно се упатува кај стручните тела за функционална проценка.