Родителите на ученикот кој манифестира потешкотии во учењето е рамноправен член на инклузивниот тим за ученик. Со споделување на информации како што се: историја за образованието; податоци за претходни интервенции; медицинска историја, опис на сегашното ниво на функционирање на ученикот/развоен статус како и индивидуалните карактеристики на детето (преференции, способности, потреби, интереси) им помага на останатите членови на тимот полесно да го запознаат ученикот, да се изработи педагошкиот профил на ученикот, да се идентификуваат приоритетните потреби за дополнителна поддршка, наставните стратегии за работа како и стратегиите за оценување.
Преку временската рамка за реализација на конкретни задачи родителите помагаат во достигнување на поставените цели за ученикот. Родителите, кои се дел од воспитно-образовниот процес на ученикот, како и останатите кои даваат поддршка, треба да располагаат со копија од ИОП-от се со цел запознавање со целите и задачите за совладување како и запознавање со своите конкретни одговорности.