РАЗВОЈ НА КРУПНАТА МОТОРИКА
Крупната моторика се однесува на движењата на големите (стабилизирачки) мускули на телото, односно на движењата кои го вклучуваат целото тело. Таа е важна за развивање на вештини кои им овозможат на децата да ги извршуваат секојдневните активности, како што се одење и трчање, играње за игралиште (пр. качување) и спортски вештини (пр. фаќање, фрлање и шутирање на топка).
Развојот на крупната моторика е клучен и за активностите во однос на грижата за себе (пр. при облекување детето треба да може да застане на едната нога за да ја стави другата нога во ногавицата од пантолоните без да падне).
Развиеноста на крупната моторика има влијание и врз другите секојдневни активности. На пример, можноста на детето да одржува соодветно држење на горниот дел на телото при седење, ќе влијае на неговата способност да учествува во активностите кои вклучуваат фини моторни вештини (пр. пишување, цртање и сечење). Ова пак понатаму дирекно се рефлектира на училишните постигнувања на детето.
Вештините за кои е клучна крупната моторика влијаат врз издржливоста на детето и неговите капацитети за да се справи со долгиот престој во училиште (да седи исправено на биро, безбедно да се движи во училиштето, да го носи тешкиот училишен ранец и сл.). Развиеноста на крупната моторика влијае на способноста на детето да се движи во околината (пр. движење низ училницата, движење на игралиштето или на стрмен терен, користење на подвижен ескалатор и сл).