На платформата може да се најдат различни едукативни содржини (текстови, фотографии, презентации, видеа) преку кои се поттикнува совладувањето на наставниот материјал, согласно возраста на учениците со попреченост, како и согласно нивниот Индивудуален образовен план (ИОП).
Најчитани содржини од средно образование
Најчитани содржини од основно образование
Едуинк.мк, платформа за персонална образовна поддршка
Кој стои зад платформата Eduink.mk?
Е-платформа eduink.mk е креирана како продукт на проектот „Е-платформа за далечинска поддршка на деца со попреченост и нивните семејства за време на пандемија од Ковид-19“, во имплементација на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија, во соработка со Македонското Монтесори Здружение, а со финансиска поддршка на Мисијата на OБСЕ во Скопје, како дел од Вонредниот повик за предлози: Фонд за справување со Ковид-19.