Brain Gym® е програма која содржи активности /движења кои овозможуваат врски помеѓу десната и левата хемисфера на мозокот. Развиена е во седумдесетите години од страна на Paul Dennison, Ph.D., кој се обидувал да пронајде поефективни пристапи во работата со учениците кои манифестираат потешкоти во учењето. Brain Gym методата се реализира од страна на стручни лица кои завршиле соодветна обука од страна на лиценцирани Brain Gym инструктори/консултанти.
Brain Gym курсевите се категоризирани во 5 нивоа
-
- Ниво 100. Курсеви за основно/воведно ниво
- Ниво 200. Курсеви за средно ниво
- Ниво 300. Курсеви за напредно ниво
- Ниво 400. Курсеви за професионално ниво
- Ниво 500. Курсеви за инструктори/консултанти
Пристапот на оваа метода се базира на три основни принципи:
-
- Учењето е природен процес, пријатна активност која се провлекува низ целиот живот;
- Во учењето се појавуваат ‘блокови’ поради неможноста да се надмине стресот и незнаењето на новите задачи;
- Сите луѓе имаат ‘блокови’ поради тоа што незнаеме да се движиме (Dennison, 2007)
Програмата е втемелна во рамки на Едукациска кинезиологија во која со помош на искуствата на природното движење се постигнува интеграција на телото и умот. Составена е од 26 движења. Овие движења/активности, предизвикуваат т.н активирање односно будење на мозокот за примање нови информации односно учење. Преку движењата индивидуите ги активираат двете хемисфери на мозокот овозможувајќи координација на очите, рацете и целото тело а со тоа и промовирање на севкупното учење. Движењата се поделени во четири групи.
-
- движења кои ги помагаат читањето, пишувањето, слушањето и зборувањето;
- движења кои ги помаагат процесите на планирање и организација;
- движења кои ги помагаат процесите на кооперација, игра и работа и
- движења кои го помагаат насоченото внимание.
Активностите делуваат на академските вештини, гласовна анализа, пишување, читање со разбирање, следење налози, декодирање и кодирање на пишаните симболи, следење на редослед на низа на броеви и други математички вештини и слично.
BRAIN GYM И УЧЕНИЦИ СО ПОТЕШКОТИИ ВО УЧЕЊЕТО
Оваа програма кај децата односно учениците со потешкотии во учењето се реализира со цел интеграција на телото и умот, подобрување на насоченото внимание, подобрување на меморијата како и процесот на читање, пишување, слушање, подобрување на координацијата и организацијата на телото. Доколку го земеме фактот дека човечкиот мозок е поврзан и е подреден за изведување на задачи, преку овие движења се постигнува поврзување во три димензии и тоа
-
- Поврзување на левата и десната хемисвера (латерална димензија)
- Димензија фокусирање (поврзување на центрите од мозочно стебло и фронтални делови на мозок)
- Централна димензија (поврзување на центрите во лимбички систем и церебрален кортекс)