Предизвикувачко однесување кај децата и тинејџерите со попреченост и аутизам
Предизвикувачко однесување е секое несоодветно однесување кое е социјално неприфатливо поради својот интензитет, фреквенцијата и времетраењето, заради што им пречи на другите луѓе. Од друга страна, постои голема веројатност, ваквото однесување да предизвика штета на самата индивидуа и/или на други луѓе, но има голема веројатност да се оштети и нечиј имот. Предизвикувачко однесување е бурен одговор при состојба на пренадразнетост каде што настанува губење на контролата врз самото однесување.
Предизвикувачкото однесување е нормална појава и се појавува кај секој од нас!
Предизвикувачко однесување може да се појави кај секое дете, кај секој тинејџер, кај секоја единка, но многу почесто се појавува кај децата и тинејџерите со попреченост, а особено кај оние што се наоѓаат во спектарот на аутизмот.
Секое дете, тинејџер, човек, може да се најде во „тешка“ состојба која претставува предизвик за навремено и соодветно контролирање. Ваквата состојба многу често придонесува за појава на предизвикувачко однесување.
Зошто децата и тинејџерите со попреченост, а особено оние со аутизам почесто пројавуваат ваков вид на однесување?
За да можеме полесно да одговориме на ова прашање, најпрво мораме подлабоко да навлеземе во можните причини кои можат да доведат до промена во однесувањето кај детето. Тие главно произлегуваат од карактеристиките на децата со попреченост, односно со аутизам – од нивната нарушена социјална комуникација и интеракција, одредени сензорни нарушувања, репетитивно однесување – ритуали и опсесии, како и проблеми во флексибилноста на размислувањето.
Фактори кои можат да влијаат врз благосостојбата на однесувањето:
-
- Лоша емоционална состојба;
- Недостаток на сон;
- Лоша исхрана;
- Недостаток на физичка активност;
- Траума;
- Промени во околината;
- Несоодветна комуникација;
- Научено однесување;
- Изолација на семејството.

Од приказот јасно се гледа дека детето или тинејџерот со попреченост, односно со аутизам, кое не е во можност да комуницира на социјално прифатлив начин, во било кое време може да пројави предизвикувачко однесување. Многу често, пред овие лица, несакајќи се поставуваат нереални очекувања од страна на возрасните (родители, наставници, стручни лица). Ова се случува особено со високо функционалните деца / тинејџери со аутизам, кои имаат посебни таленти, кои имаат одлично развиен говор. Често пати на луѓето им е неприфатливо однесувањето на дете / тинејџер кој има талент за музика, физички изгледа перфектно, знае да решава математички задачи, а при тоа постојано врти предмети во рацете, покажува одреден немир. Возрасните кои недоволно ги познаваат овие лица знаат да укажат на ваквото неприфатливото однесување и очекуваат дека лицето со попреченост, лицето со аутизам ќе „послуша„ и веднаш ќе престане со своето „недолично„ однесување. Но, не секогаш реалноста се совпаѓа со нашите очекувања.
Причините за она што го гледаме ние обичните луѓе, а гледаме само еден мал дел, се наоѓаат некаде многу „длабоко“ и можат да бидат многубројни…


…односно, причини за појава на предизвикувачко однесување можат да бидат:
-
- Стрес или неможност за увид во знаците за стрес кои се наталожуваат;
- Неможност за добар увид во сопствените емоции или незнаење истите инстинктивно да се изразат;
- Справување со одредени средини заради големата сензорна пречувствителност;
- Недоволно познавање како по автоматизам да се однесуваат и да се справат со одредени ситуации;
- Не постои свесност за „лошите„ постапки, поради што не разбираат зошто се опоменати;
- Вообичаено немаат сознание како би го подобриле сопственото однесување/како да се однесуваат поинаку;
- Неможност да го разбират на она што се случува околу нив. Често пати не им е јасна комуникацијата помеѓу луѓето – она што се обидуваат да го кажат на невербален начин, преку гест (зошто „мавтаат“ со рацете, зошто „ги накривиле очите“, зошто плачат, зошто се смеат, зошто викаат итн);
- Непосоење на соодветна и ефективна комуникација со која би ги изразиле своите желби, потреби или непријатности. Ова води до голема фрустрација;
- Анксиозност. Поради нивните карактеристики тие често пати се во состојба на анксиозност која ја манифестираат преку предизвикувачко однесување.
Децата / тинејџерите може да демонстрираат предизвикувачко однесување како начин за покажување на нивната непријатност од нешто, од некого или поради физичка болка;
Децата / тинејџерите со попреченост и/или аутизам се особено чувствителни на нивната околина, така што и најмалите промени во истата може да предизвикаат вознемиреност кај нив (промена на рутина, преселба, ново училиште и сл.)
Предизвикувачкото однесување може да се јави како последица на некаква доживеана траума (малтретирање / булинг), при што детето / тинејџерот не е во можност да ги искаже сопствените чувства.
Несоодветната комуникација со детето / тинејџерот со попреченост и/или со аутизам е една од најчестите причини за манифестација на предизвикувачко однесување (немањето на говор).
Децата / тинејџерите можат да научат дека преку користење на „недолично„, односно предизвикувачко однесување тие ќе можат да ги исполнат своите потреби и желби. Ваквиот вид на однесување може да им помогне да избегнат задачи / ситуации во кои не сакаат да бидат вклучени.

Која е разликата помеѓу напад на бес (tantrum) и криза (meltdown)?
БЕС:
-
- Вниманието е насочено кон одредена цел (лицето чувствува глад, можеби жед, чувствува одредена болка…);
- Потребна е публика (доколку нема публика, не е посветено доволно внимание на однесувањето, бесот се намалува);
- Бесот е израз на некаква лутина.
Тантруми – како да постапуваме?
Многу често можеме да сретнеме совети за тоа како да спречиме појава на татнтруми, или 5 начини за престанок на тантруми, како најбрзо да исчезнат тантрумите и сл…
Меѓутоа, нашата цел не треба да биде да ја спречиме појавата на тантруми. Изливите на бес се едена од начините на комуникација кај лицата со попреченост, кој мора да го прифатиме како таков.
Наместо да бараме начини за да ги прекинеме или запреме тантрумите, потребно е да го научиме детето да изнајде подобар начин со помош на кој ќе може да ги изрази сопствените желби и потреби. Потребно е однесувањето какво што е „трескање од земја„, врискање, удирање…да го замениме со некој друг облик на однесување, кое нема да биде тешко и исцрпувачко за детето со попреченост, но и за родителите и сите оние кои имаат активно учество во неговиот живот.
Да се обидеме да го научиме детето на показен гест, да го побара она што го посакува, да користи алтернативна комуникација, знаци, PECS картички, односно други форми на комуникација и на тој начин да совладаат нов начин да ги искажат сопствените потреби.
Она што е важно да се знае е дека акцент треба да се стави на совладување на нови вештини, наместо спречување и стопирање на веќе настанатиот тантрум.
КРИЗА:
-
- Вознемиреност (пренадразнетост или непредвидливост);
- Се појавува независно од тоа дали има или нема публика (лицето може да биде само и да пројави криза);
- Кризата е резултат на презаситеност од некоја дразба.
Како изгледа кризата?
-
- Внатрешен дистрес (повлекување): детето се „исклучува„ од средината, „гледа во празно„, покажува / изведува повторувачки движења со одредени делови од телото;
- Надворешен дистрес: неконтролирано плачење, врескање, скокање, испуштање на „неартикулисани„ звуци / крици, фрлање предмети, самоповредување и др.
Агресија и предизвикувачко однесување
Децата / тинејџерите кои постојано покажуваат агресивно однесување, честопати им предизвикуваат многу непријатност на возрасните, а особено на своите родители, бидејќи токму тие, возрасните, сметаат дека не можат да доминираат над самото детето и да го контролираат неговото однесување.
Малку по малку, овие деца / тинејџери ја преземаат контролата над луѓето околу нив, прават што сакаат и се со уверување дека возрасните и родителите нема да ги вознемират. Ова е проблем кој се влошува со текот на времето, па затоа треба да се третира соодветно што е можно побрзо.
Како да избегнете предизвикувачко однесување?
Колку е помладо детето, толку би било полесно да се стави крај на овој проблем. Затоа, ако во Вашето опкружување има дете или тинејџер со „несоодветно„ однесување или со агресивен став, каков што е оној што го опишаваме, можеби треба да се обидете да ги спроведете следниве методи, односно планови за интервенција:
-
- Научете да кажувате не. Дури и ако ви се заканува, навредува или напаѓа, треба да го задржите држењето на телото и да го натерате да види дека нема да попуштите ако тој се однесува така. Бидете цврсти и не дозволувајте да ве порази со ова однесување;
- Никогаш не користете физичко казнување! Овој вид казна обично не функционира и единственото нешто што предизвикува е да се фрустрираат и да употребат насилство врз други луѓе или предмети;
- Барајте насилни фигури околу вас: Децата, особено тинејџерите се многу ранливи на контекстот во кој се наоѓаат. Честопати, оние кои покажуваат агресивно однесување имаат пријатели кои се однесуваат на ист начин. Препорачливо е да имате контрола над децата со кои е во врска вашето дете и да го натерате да поминува помалку време со нив доколку е потребно. Тука треба да ги потенцирате и сериите, филмовите или видео игрите за кои вашето дете покажува интерес. Медиумите можат да промовираат насилно однесување;
- Спречете го однесувањето, секогаш кога за тоа ќе постои соодветна можност;
- Научете нови однесувања, кои ќе го заменат местото на предизвикувачкото однесување (броиме до 10, се опуштаме со длабоко вдишување и издишување, слушаме музика за релаксирање, омилена активност…);
- Променете ги одговорите на возрасните / врсниците кон однесувањето, така што однесувањето повеќе нема да биде во центарот на вниманието. Со текот на времето ќе се намали и интензитетот.

Техники и позитивни практики за намалување на предизвикувачкото однесување
Што треба да се практикува?
-
- Идентификување на сигнали кои укажуваат на зголемено ниво на стрес кај детето;
- Ограничување на барањата и намалување на дразби;
- Рутини и правила;
- Добро разграничени активности;
- Распоред на активности во текот на денот;
- Избегнување на активности кои го иритираат и премногу изморуваат детето;
- Смирено однесување;
- Соработка помеѓу родителите во домашни услови.

Важно: Враќањето на детето / лицето не треба да биде брзо и нападно, туку треба да биде постепено. Доколку истото повторно се вознемири, големи се шансите да западне во криза. Бидете претпазливи и трпеливи!
Ефективни компоненти за образовни практики:
- Вклучување на членовите од семејството во детската средина, како најстабилни, вредни и едни од највлијателните луѓе;
- Одредување на оптимално ниво на учество засновано на семејни карактеристики, стресори, потреби на семејството;
- Отворена комуникација и соработка на родителот со училиштето/ наставникот. Гледање на родителите како активни партнери во воспитно-образовниот процес;
- Родителите придонесуваат за ефективноста, особено кога станува збор за спроведување стратегии низ повеќе опкружувања.